strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Благодарност до Струмичани – По долги напори советот на општина Струмица го исфрли недифираниот поим „род“

Автор:

Датум:

септември 28, 2023

Автор:

Датум:

септември 28, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Заложбите на струмичани, на родителите од здруженијата Родителски Фронт, Коалиција за заштита на децата и други се реализираа. По долги напори, советот на Општина Струмица во втора програма го исфрла недефинираниот поим ,,род”.

Советот на денешната седница едногласно изгласа промена на родовите компоненти во програмата за еднакви можности на жените и мажите. Наместо родова еднаквост ќе биде терминот еднакви можности на жените и мажите.

Во иднина и во другите програмите ќе се исфрли погрешното толкување на зборот ,,род”.

Благодарност до струмичани со кои заедно ќе застанеме во одбрана на семејните вредности, на правата на жената и заштита на децата.