Традицијата продолжува и оваа година! На 20 декември 2025 година, со почеток од 19:00 часот, во Macedonian Orthodox Church „Sv. Kiril & Metodij“ во Willowbrook, Illinois, САД, ќе се одржи долгоочекуваниот настан „Strumica Night & Friends 2025“.
Организаторите најавуваат незаборавна вечер исполнета со музика, дружење и македонска атмосфера за дијаспората. Специјална гостинка е Сузана Гавазова, една од најпопуларните македонски пејачки, која за прв пат ќе настапи на овој настан. На сцената ќе му се придружат и Ристе Тевдоски, Васил Гавранлиев и Лазо Илиевски, кои ќе се погрижат за вистинска празнична енергија.
Настанот се организира во пресрет на празникот Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици и претставува важна традиција за македонската заедница во Чикаго и околината.
Организаторите ги покануваат сите Македонци и пријатели на Македонија во САД да бидат дел од оваа свечена и весела вечер.
КУПИ КАРТИ ОВДЕ: https://www.tickettailor.com/events/strumicanightssocial

























