Perdormire
Струмица

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ВК АКТИВ-СТРУМИЦА: ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ПРОСЛАВУВААТ 7 ГОДИНИ УСПЕШНО ПОСТОЕЊЕ!

Велосипедскиот клуб ВК АКТИВ од Струмица  прославија 7 години успешно постоење. Клубот е формиран во декември 2012 година од страна на 5 ентузијасти кои со иста идеа се здружуваат и го формираат клубот. Денеска имаат повеќе од 70 активни членови и од ден на ден клубот се повеќе се зголемува. ВК АКТИВ е дефинитивно една од најсветлите точки во Струмица со оглед на тоа дека постојано организираат акции кои се за доброто на овој град. Тимот на Струмица Денес им посакува уште многу успеси и родендени во иднина!