СОВЕТНИКОТ ОД СТРУМИЦА ВЛАДИМИР РИСТОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВО УНГАРИЈА И ХРВАТСКА ЗАЕДНО СО СОВЕТНИЦИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД 12 ДРЖАВИ!

јули 11, 2023

Советникот од Советот на Општина Струмица, Владимир Ристов беше дел од посетата на општина во Унгарија и Хрватскa заедно со советници и градоначалници од 12 држави од југоисточна европа.

,,Како делегиран претставник од ВМРО-ДПМНЕ бев дел од програмата ,,Добрите примери од Унгарија и Хрватска” за креирање на одржлив локален економски развој заедно со советници од партиите од европската народна партија.“ – изјави Ристов.

Како дел од посетата беше градот Будимпешта, и средбата со градоначалноците на општините Печ, Капосвар и Тап како и неколку рурални општини од Унгарија и Хрватска.

На средбите беа презентирани добри практики за одржлив развој, паметните решенија кои се имплементирани во општината, плантажите со фотоволтаици, едни од најголемите во Европа, и програмите за рециклирање во градовите.

Исто така беа промовирани практики за промовирање на одржлива локална економија, ефикасниот јавен превоз, но и олеснатит пристап за движење на пешаците, добрата програма за привлекување на инвестиции и социјалниот пристап кон граѓаните.

Руралните општини се самоодржливи преку промоција на етно туризам.

Голем дел од овие решенија можат да бидат имплементирани и во Општина Струмица и другите општините во државата, а преку контактите од овие општини има можност да работиме на заеднички проекти.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ