strumica denes logo

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА БУЛЕВАР „ЛЕНИНОВА“ ВО СТРУМИЦА ПОМЕЃУ МОТОЦИКЛ БЕЗ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ И АВТОМОБИЛ „АУДИ“

Автор:

Датум:

април 25, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

април 25, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

На 24.04.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.