КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ЛИНКОТ: ПОТПИШИ СЕ
Ние граѓаните, ги повикуваме советниците од Советот на општина Струмица да се освестат и да разберат дека ја претставуваат волјата на граѓаните, а не на родовите идеолози и нивните потчинети застапници.
Мнозинството советници во Советот не треба да потклекнуваат и дозволуваат да им се руши авторитетот и угледот помеѓу граѓаните на Струмица и околината поради двајца-тројца лојални потрчковци на главните промотори на родовата идеологија. Особено не, кога знаеме што мислат и самите советници за родовата идеологија во непосредни разговори. Ги охрабруваме и поддржуваме советниците да делуваат онака како што мислат и да им служат единствено на граѓаните и на нивните долгорочни интереси!
Ние преку родителските здруженија и организации, но и родителските совети ќе делуваме во училиштата каде што ги праќаме нашите деца да ги образуваат, а не да ги обезобразуваат со идеологии и теории спротивни на нашиот христијански светоглед. Затоа бараме да се тргне родовата идеологија од сите акти и документи во општината и во училиштата.
Затоа исто така ги охрабруваме и поддржуваме директорите, наставниците и професорите на основните и средните училишта да делуваат одлучно, да застанат цврсто против сите родови глупости веќе застапени во училишните програми и наставните концепти.
Децата им припаѓаат на родителите, а не на родовите идеолози. Ние родителите ќе одлучуваме за образованието и за се што се однесува на нашите деца!