Комуналец-Струмица:
Почитувани граѓани на Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Водоча и Баница, во прилог Ви доставуваме 16 микробиолошки анализи изработени од страна на акредитирани лаборатории.
Во сите анализи, стручното мислење гласи: ИСПИТАНИОТ ПРИМЕРОК НА ВОДА Е ЗДРАВСТВЕНО ИСПРАВЕН СОГЛАСНО ПРАВИЛНИКОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ВОДАТА.
Само резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје ја немаме добиено, за кој од страна на медиумите дознавме дека не одговара на Правилникот за безбедност на водата, поради присуство на колиформни бактерии.
Во исчекување на резултатите од Институтот за јавно здравје – Скопје, продолжуваме со активностите за водоснабдување на граѓаните со питка вода се до моментот кога инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство ни даде решение дека водата официјално е за пиење.
Целосната вест со фотогафиите од микробиолошките анализи, може да ги погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/komunalec.strumica/posts/pfbid02jewtfBYmjVSg7j81cWZXXC3bVgh3ZNovX6Jo3YxaUn8VZuFeCcQEwVQmaxhsXp6Vl