strumica denes logo

Д-Р ПЕТАР МАРКОВ: ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ СЕ ВРАЌА ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА ВО НОВО СЕЛО!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Фејсбук статус на Д-р Петар Марков, пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

📈 Почитувани сограѓани, состојбата која ја затекнавме во институциите во државата по преземањето на власта беше навистина очајна. Полека но сигурно, кондицијата се подобрува, слободниот пад е запрен и веќе е можно да се преземаат конкретни чекори кон решавањето на проблемите, а онаму каде што не можат институциите одговорноста е лична.

🥼 На моја инцијатива а во соработка со директорот на ЈЗУ Здравен дом Д-р Кирил Манчев и советникот во општина Струмица, Владимир Ристов посветивме сериозно време и енергија во решавањето на проблемот со дежурна служба и услови за работа во болницата во Ново Село.

🚑 Затоа, сакам да Ве известам дека во завршна фаза се процедурите за обезбедување дежурен тим од лекар, медицинска сестра, возач и амбулантно возило кои ќе ја покриваат територијата на општина Ново Село. Од пред еден месец се поминати сите процедури во Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Министерство за финансии, следат административните подготовки за распишување оглас со кој ќе се обезбеди потребниот персонал и веднаш ќе почнат со работа.

🩼 Исто така, во Ново Село ќе се врати превентивната стоматолошка служба при што, систематските стоматолошки прегледи на учениците нема да има потреба да се прават во Струмица, туку, тим на стоматолози и медицинска сестра ќе доаѓаат во Ново Село.

🏥 Во однос на моменталните услови во кои работи медицинскиот персонал и се опслужуваат пациентите, лично ја преземам обврската со сопствена донација, во соработка со општествено одговорни фирми и одговорни граѓани да се изврши реновирање на просториите на дежурната служба но и на делот на концесионерите (попозната како болницата) со цел да се обезбедат пристојни услови за работа и за третман на пациентите.

🏨 Воедно, вредно е да се напомене дека забрзано се работи на доизградба и опремување на новото крило во Општа болница Струмица, со што се заокружува триесет годишната голгота на најави и нереализацијата на овој значаен проект за граѓаните на Струмица и Струмичко.