Патриотското друштво продолжува со својата мисија за негување на македонската песна и традиција, преку организирање на македонски вечери низ државата. По повеќе од 10 успешно реализирани настани, годинава ќе биде заокружена со уште четири нови концерти, во Куманово, Струмица и Скопје.
Првата од овие завршни вечери се одржа денес (29 ноември) во Кичево, во форма на хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“, а следната станица е Струмица, каде на 7 декември ќе се одржи голема македонска вечер во локалот „Que Pasa“.
Публиката ќе ужива во настапите на:
Христијан Трајаноски
Василија Петрова
Сања Здјелар
Софија Пуровска
Анастасија Митровска
Душко Никовски – струмичанец
и уште многу други изведувачи
Настанот има за цел да ја промовира македонската музика, да создаде простор за дружење и поврзување на младите, како и да даде поддршка на талентирани млади изведувачи.
Влезницата е симболични 200 денари, со што се овозможува поголема достапност и масовност на вечерта.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на македонската песна да го поддржат настанот и да уживаат во уште една родољубива вечер исполнета со емоција, дружење и македонски дух.
Резервации:
📞 075-445-662
📞 075-405-912
📞 077-483-256























