Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денеска ги потпиша договорите за реализација на пет нови инфраструктурни проекти, кои ќе се спроведат со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа.
Проектите се одобрени по поднесување на целокупната потребна документација во рамките на Јавниот повик објавен од страна на Владата, а нивната реализација ќе значи значителен чекор кон унапредување на комуналната и патната инфраструктура во неколку населени места од општината.
Станува збор за следните пет проекти:
Изградба на отворен канал во село Дукатино;
Изградба на фекална канализација во село Радичево;
Реконструкција и ревитализација на улица од влезот до центарот на село Пиперево;
Реконструкција на улица во село Нова Маала кон локалните гробишта;
Изградба на последен крак од фекална канализација во Пиперево.
Градоначалникот Андонов истакна дека изминатиот период општинската администрација посветено работела на подготовка на документацијата, со цел општина Василево да биде подготвена и конкурентна на јавниот повик на Владата.
Во својата изјава, Андонов упати благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за како што рече – поддршката на проектите кои придонесуваат за историски развој на општините низ државата.
„Граѓаните заслужуваат модерна и инфраструктурно развиена општина Василево. Во изминатите три години покажавме на дело како се работи и како се реализираат проекти“, изјави Андонов.