strumica denes logo

МЛАДИТЕ ОД КУКЛИШ СО ХУМАН ГЕСТ: СРЕДСТВАТА ОД ВОДИЦИ ГИ ДОНИРАА ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ!

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Младите од струмичкото село Куклиш уште еднаш покажаа дека солидарноста и човечноста се најсилни кога доаѓаат од срце. Тие доброволно одлучија собраните средства од годинашниот настан Водици да ги донираат во хуманитарни цели.

Станува збор за сума од 75.000 денари, која, како што информираат од Куклиш, ќе биде наменета за помош таму каде што е најпотребно. Со оваа одлука, младите испратија силна порака дека традицијата и празничниот дух можат да добијат уште поголемо значење кога се претвораат во конкретна поддршка за други.

Жителите на селото ја поздравија иницијативата, истакнувајќи дека ваквите примери ја зацврстуваат заедницата и ја поттикнуваат хуманоста, особено меѓу младите.

  • Banner