КОСКИТЕ БИЛЕ И ВО СТРУМИЦА: НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е ИСПОЛНЕТ ЗАВЕТОТ – СВЕТИТЕ КОСКИ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ОД БУГАРИЈА ДА СЕ ДОНЕСАТ ВО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!

октомври 7, 2023

НА ДЕНЕШЕН ДЕН исполнет е заветот – светите коски на Гоце Делчев од Бугарија да се носат на почивање во главниот град на слободна Македонија!

Ова чествување било една од најголемите манифестации во историјата на современата македонска држава со највисоки државни и воени почести.

Михаил Чаков и Таската Серски една ноќ во 1906 годината се упатуваат скришно во Егејска Македонија или поточно во Баница со една цел: Да ги откопат коските на Гоце Делчев кои ќе бидат потопени во шпиртус и ќе бидат положени кај олтарот на црквата во Баница. Неколку години подоцна, односно во текот на двете Балкански војни, Баница била трипати палена, а еднаш и црквата во која се наоѓале и коските на Гоце, но тие останале целосно неоштетени.

Михаил Чаков мислел дека црквата повторно може да се најде во опасност, па затоа во 1919 година тајно ги зема моштите и ги пренесува во неговата куќа каде ги чувал дури 4 години. Веќе во 1923 години ковчегот е однесен во Софија во просториите на Илинденската организација, организација на македонските револуционери – емигранти кои биле следбеници на идеалите за Слободна и Независна македонска држава. Михаил Чаков пред да го пренесе во Софија на ковчегот напишал:
„Ги заколнуваме поколенијата, светите коски да бидат погребани во идната столица на Независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Овој величествен чин за македонската историја е документиран и снимен со камера во документарниот филм „Македонија“ кој ќе биде забранет од бугарските власти, а режисерот на филмот по наредба од бугарскиот слуга Ванчо Михајлов е заклан!

Во 1946 година Гоцевите свети коски се пренесени во Македонија. Интересен факт е дека Македонците во знак на почит го носеле три дена (7,8,9 октомври) пешки го носеле ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија.

На 8 октомври коските пристигнале и во Струмица а доцна ноќта и во Штип. На 9 октомври Гоце конечно е пренесен и во Скопје каде и до ден денешен уште неговите коски почиваат таму. Вечна слава!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ