КОНЕЧНО ЗАПОЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТЕН ПРАВЕЦ РОБОВО – МУРТИНО, ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 50 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

септември 15, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

На барање од граѓаните, а на мое инсистирање и проследување на барањето до надлежните од централната власт, денеска започна рехабилитацијата на патниот правец Робово – Муртино.

И оваа инвестиција тешка околу 50 милиони денари е плод на добрата соработка што ја имаме со владините институции и ресорните министерства.

За неполна година од мојот мандат во соработка со Министерството за транспорт и врски, ја завршивме фекалната канализација во Банско од 800.000 евра, а во Градско Балдовци ќе го реализираме моето изборно и програмско ветување со објавување на втората јавна набавка за фекална и атмосферска канализација.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ