strumica denes logo

ЈАНЕ КИРОВ: Дел од човештвото е во паника поради новото дигитално време – Не треба да обвинуваме никого, ние самите ги создадовме и развивме машинитe и секој од нас ги има во домот!

Автор:

Датум:

септември 11, 2023

Автор:

Датум:

септември 11, 2023

Јане Киров, уредник во портал Струмица Денес:

Некои значајни поединци како што се легендарниот физичар Стивен Хокинг и лидерот и иноватор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, сугерираат дека вештачката интелигенција потенцијално може да биде многу опасна. Маск дури во еден момент ја споредуваше вештачката интелигенција со опасностите на диктаторот на Северна Кореја. Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, исто така верува дека има многу причини да бидеме претпазливи, но и дека доброто во цела таа технологија може да го надмине лошото, само ако се управува правилно.

Вештачката интелигенција е одлична алатка за развој во моментов која мораме правилно да ја искористиме. Ја револуционизира технологијата во сите индустрии и решава многу проблеми со кои се соочува човештвото. Но, вештачката интелигенција сè уште е во почетните фази и може да доведе до голема штета ако не се управува правилно. Постојат многу области во кои вештачката интелигенција може да претставува опасност за човекот и најдобро е овие опасности да се дискутираат сега на почеток, за да може вештачката интелегенција во иднина да ја управува човекот, а не таа него.

И не, не можеме да кажеме дека не бевме предупредени за сето тоа. Речиси еден век, креаторите на филмови се обидуваат да ни кажат дека машините на крајот ќе доминираат со нас, таков е филмот „Метрополис“, објавен во 1927 година.

За вештачката интелигенцијата и роботиката бевме предупредени и од филмот „Терминатор“, „Матрикс“, „iRobot“, „Blade Runner“ и многу други.

Сите тие филмови ни носат голема порака и поука.

Поголем дел од човештвото сега е во паника. А, треба ли да обвинуваме некого? Па ние самите ги создадовме и развивме овие машини и секој од нас во домот има по една.

Правосмукалки секојдневно ги чистат нашите теписи, косачките машини ја одржуваат нашата трева таква-каква што сакаме да биде, овде се машините за перење за алишта и многу други машини кои се од големо значење за човекот и му помагаат во неговото секојдневие.

Медицинските роботи во моментот можат да испорачуваат лекови, да комуницираат со пациентите и да им помагаат на лекарите со комплицирани операции.

Индустриските роботи помагаат да се изгради сè, од автомобили до чувствителни електронски компоненти.

Вештачката интелигенција многу одамна ние ја носиме во нашите џебови постојано, со неа се будиме, со неа и заспиваме. Вештачката интелегенција не е нешто ново и застрашувачко, овде е многу одамна и не треба да гледаме опасност во неа, туку можност за нов развој, надоградување и заработка.

Да управуваме ние со машините, а не тие со нас. Се’ зависи од човекот. Тој избира како сака да функционира во новиот свет!