Perdormise
Струмица

ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВО 12:00 ЧАСОТ НА ВОДИЦИ ВО НЕДЕЛА ВО „АКВАРИУС“ ЌЕ СЕ СПУШТА СВЕТИОТ КРСТ!

Известување за Богојавление – Водици

Струмичката Православна Епархија ги известува сите верници дека по повод празникот на Богојавление – Водици, во храмот на светите Петнаесет Тиверополски Свештеномаченици ќе биде отслужено сеноќно бдение со почеток во 22 часот., а Литургијата ќе се отслужи по полноќ.
Во другите храмови Божествената литургија ќе започне во 08.00 часот, а чинот на осветување на водите покрај храмовите, ќе биде извршен и на базенот Аквариус со спуштање на Светиот Крст во 12 часот. Поворката со Литија ќе тргне од храмот св. Кирил и Методиј во 11 часот.

Струмичката Православна Епархија известува дека, заинтересираните верници кои сакат да земат учество во скокањето по крстот задолжително да се пријават во храмот св. Кирил и Методиј и мора да ги исполнат следниве услови:
– Да се крстени во православната црква
– Да се од градот Струмица
– Да се во добра здраствена состојба

Рок на пријавување најдоцна до Сабота 18.01.2020 година.