Home

Perdormire
Струмица

ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАСИЛИЈ – ЧОВЕКОТ КОЈ СО ГОЛЕМА ЉУБОВ НА ЦЕНТАРОТ ВО СТРУМИЦА ПРОДАВАШЕ МАКЕДОНСКИ СУВЕНИРИ И ПРОДУКТИ!

Home

Остана верен до крај со пожртвуваност и љубов кон Македонија. Колку само одговараат последните реченици од текстот за денешницата, на братот Василиј дадено на последното интервју за Струмица Денес пред 2 години откако прекина со работа поради попречувањето и предлогот наметнат за укинувањето на продажбата на Кутлеш знамињата. Се’ што денес е нормално се смета за ненормално, а се што е ненормално се смета за нормално! Вистинските вредности во животот повеќе не се почитуваат, веќе се изгубени. Во продолжение проследете го целото интервју:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Василиј, од каде дојде идеата за продавање на македонски сувенири и продукти?

ВАСИЛИЈ: Она што ме побудува во душата да продавам македонски сувенири и продукти е неизмерната љубов кон Верата Света наша и кон татковината и народот наш. И како што вели Св.Павле, „ако љубов немам, ништо не ми користи“, а љубовта е посилна од се’, единствено таа нема граница без разлика дали се работи за љубов кон верата или татковината.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои луѓе најмногу купуваат од македонските продукти и сувенири?

ВАСИЛИЈ: Сите оние кои си ја сакаат татковината, нашата Македонија. Ако би морал да издвојам, тогаш со сигурност нашите сограѓани иселеници, а посебно помладите генерации. Кај нив е поразвиено Родољубието а тоа факт ми ја исполнува душата дена не е изгасната љубовта во душата на нашиот напатен народ Македонски.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што би им препорачале за крај на нашите читатели?

ВАСИЛИЈ: Ги замолувам да искажуваат љубов, да подарат љубов, бидејќи само тоа ни остана. Бог е љубов! Кој си ја сака Верата си ја сака и Македонија, а кој не ја сака Татковината не си ја сака ни Верата наша света. Дојде време кога вистинските вредности во животот се уништија. Се пропагираат и наметнуваат западните вредности кои се множат со нула. И сами гледаме дека се’ она што е нормално се смета за ненормално, а се’ што е ненормално се смета за нормално. Каква ли иднина не очекува во оваа забрзано динамично време што го живееме кога се е наопаку? Бог нека не чува!