strumica denes logo

(ФОТО) МИРЈАНА БУРНАЗ-КРЕМШОВСКИ СО ПОТЕКЛО ОД СТРУМИЦА, ЈА ОСВОИ ГРАНД ПРИ НАГРАДАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПЕЕЊЕ НА РУСКИ РОМАНСИ!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 20, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Талентираната Мирјана Бурназ-Кремшовски кoja потекло има и од Струмица, неодамна учествуваше на „Балканската Романсијада“ која се одржуваше во Софија, Бугарија. Мирјана со својот глас го воодушеви жирито и ја освои ГРАНД ПРИ наградата на меѓународниот натпревар по пеење на руски-романски. Бурназ-Кремшовски за Струмица Денес вели дека ова за неа е една од нејзините најзначајни награди и’ им се заблагодарува на сите кои веруваа во неа. Инаку,  истата  е пласирана на интернационалниот натпревар за руски романси во Москва, Русија во декември 2021 година. Искрени честитки и од нашиот тим.

Мирјана Бурназ-Кремшовски
Сопран

Мирјана Бурназ-Кремшовски родена 1993 година во Скопје, Република Македонија потекнува од музичка фамилија. Уште од мали нозе кај неа се појавува огромна љубов кон музиката, така што настапува на детски фестивали и изучува клавир во основното музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица. Во 2011 година, го продолжува музичкото образование во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје, отсек соло пеење во класата на проф. Светлана Донковска. Подоцна студирала на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј “ во Скопје , во класата на проф. Весна Ѓиновска – Илкова каде што дипломира со најголем успех.

Од 2016 година студира пеење/музички театар на Фолкванг Универзитетот за уметности во класата на проф. Рејчел Робинс и во 2019 дипломира со највисока оценка (Cum Laude) .

Од октомври 2019 ги започнува своите Магистерски студии на истоимениот универзитет.

 

За време на студиите има настапувано во Македонска Опера и Балет како солист, а исто така и има учествувано на многубројни фестивали во Македонија како на пример „ Есенски музички свечености“, „Денови на македонска музика“ и многу други а исто така и има настапувано на концерти во Бугарија , Србија, Германија. За време на студиите на универзитетот Фолкванг е дел од многу проекти како вклучително во 2016 е избрана од страна на диригентот проф. Оливер Лео Шмит да ја изведува сопранската улога во концертната изведба на балетот „Пулчинела“ од Игор Стравински .

Во 2016 и 2017 година учествува на 22. Фестивал вo Вернигероде (Wernigeroder Schlossfestspiele) во операта „ Faust “на Ш.Гуно и на летниот фестивал за оперети во Шунебек во оперетата ‘’Der Vogelhändler’’(Чувар на птици) Карл Целер , како хорски солист , настапувано како солист на концертот со Mitteldeutsche Kammerphilharmonie Schönebeck.

Во 2017 , 2018 и 2019 ги интерпретира улогите: Сузана во Свадбата на Фигаро / B.A.Moцарт како дел од Werkstatt проект , Una Pastourella (Oвчарка) во операта L‘enfant et les sortileges од M.Ravel и улогата на Алиса во операта ’’Wunderland’’ (Земјата на Чудата) на Anno Schreier на Универзитетот за уметности Фолкванг, сопранската делница од Моцартовиот „Реквием“ ја изведува во Bochum и во Witten, настапува како дел од проектот „ Mass“ од Л. Бернстајн во Тонхале Дизелдорф.

Во декември истата година ја толкуваше исто така една од главните улоги , улогата на Хелена од операта ‘‘ A Midsummer Nights Dream ‘‘ (Сон на летната ноќ) на Benjamin Britten.

Во 2021 година ја толкуваше главната улога Bride Elke во оперетата …‘s wird es furchtbar ‘‘ напишана од Carsten Süss во театарот Pina Bausch на Фолкванг

Настапувала на повеќе натпревари по пеење и освоила втора награда на меѓународен натпревар Петар Илич во Аранџеловац како и трета награда на „Државен натпревар по пеење“ во Скопје.

Таа е стипендист на здружението Рихард Вагнер , Дортмунд /Германија , добитник на државна германска стипендија од Зонта Клуб Есен , на меѓународната студиска програма СТИБЕТ на ДААД во Германија, добитничка на стипендијата за успешни студенти / изведувачи од страна на спонзори во Германија (Leistungsstipendium der GFFF) , а како студент на Факултетот за музичка уметност во С. Македонија во 2012 година добива стипендија како една од 10-те најдобри студенти на Факултетот , а потоа бележи понатамошни успеси и од 2013 – 2016 е стипендист од страна на Министерство за образование.

Од 2021/2022 Мирјана Бурназ-Кремшовски гостува во театар Магдебург, каде  е вработен и нејзиниот сопруг како солист Живе Кремшовски (бас- баритон).