strumica denes logo

ЕЛЕНА ДОСТИНОВА: Градоначалникот ја посрамоти Струмица пред европската карневалска федерација

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Фејсбук статус на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Достинова:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Вечно име градоначалник, и на празник продолжуваш со манипулации и facebook агенда 👏

Прво да им објасниш на граѓаните на Општина Струмица зошто не ги удостои претставниците на FECC на Струмичкиот карневал на приемот?

Второ и уште поважно е што на главната карневалска вечер ги врати сите обележја од FECC, а поради твојот гест високи преставници од FECC ја напуштија ложата?

И како тоа сега ние сме членка на FECC и така и ќе остане?

А чланарината до каде е?

Трето: Како јас како единствен член од ВМРО-ДПМНЕ во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал успеав да го “испартизирам”?

Циркусот кој го направи координаторот на Советничката група на СДС ќе остане како црна дамка во историјата на Струмичкиот карневал!

И за крај поради твојата неспособност, неорганизираност и контрадикторност групите не патуваат во странство, прва година после 30 години во континуитет!

Да се извиниш јавно на Федерацијата на Европски карневалски градови!

Да се извиниш на карневалистите!

Да се извиниш и на цела Струмичка јавност што поради твојата непромисленост и импулсивно напуштање на маскенбалот под притисок си зеде КАРТА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ!

А сега немаш како и каде па сите ти се криви!

Подадената рака за помош ја потшутна, слободно со глава во sид!

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за традицијата!