ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ ВЛАДЕВЦИ – СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ СЕ ЗДОБИЛЕ ТРИ ЛИЦА!

март 28, 2023

На 27.03.2023 година во 14.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Радовиш-Струмица, на делница од с.Владевци до с.Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од с.Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „бмв” со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците В.Л.(41) и Г.Р.(35), и двајцата од с.Воиславци, радовишко, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: