Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Предлогот РЕБАЛАНСОТ не можеме да го гледаме како заштедени средства, туку станува збор за нереализирани проекти од општината!

ноември 16, 2021

Д-р Никола Маџунков, советник во општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Денеска, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ учествуваше во работата на Советот на Општината на седницата на која беа разгледани неколку значајни точки.

Нашата советничка група се изјасни Воздржано во врска со некои од предложените точки од денешниот Дневен ред.

Причината е што Ребаланс на буџетот всушност значи дека: до сега не се сработени проектите кои се ветени пред граѓаните на Струмица.

Предлог Ребалансот не можеме да го гледаме како заштедени средства од работењето на Општината туку сметаме дека станува збор за нереализирани проекти, од кои некои и капитални и тоа во области како: урбанизам, заштита на животна средина, социјална заштита ЛЕР и други сфери кои се од важност за граѓаните на Струмица.

Наша задача ќе биде при донесувањето на новиот Буџет да се предвидат такви проекти со буџетски ставки кои се реални и остварливи и кои ќе бидат од корист за сите сограѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ