strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: СЕ УНИШТИЈА СИТЕ ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО СТРУМИЦА, СЕГА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ЗГРАДИ НА ПОВРШИНИ НА ПОНОПОЛОТ, ТРЕСКА, ГЕРАС ЦУНЕВ!

Автор:

Датум:

ноември 3, 2023

Автор:

Датум:

ноември 3, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Профитерско- коруптивниот ГУП ја уништува индустријата во Струмица.

Индустриски капацитети купени од група бизнисмени, подржувачи на Костадинов, се пренаменуваат во парцели за изградба на згради❗

Откако се уништија сите индустриски капацитети во Струмица, сега на нив ќе се градат згради❗

На површините на Монополот, Треска, Герас Цунев се предвидуваат огромен број на згради❗

Имотот на групата подржувачи на Костадинов се вреднува, зголемува и штити – додека имотот на обичниот граѓанин во Струмица, се обезвреднува и уништува❗

Со години врз грбот на народот се заработуваат милиони и се бетонира Струмица – додека за обичниот народ останува уништена индустрија, обезвреднет имот, нечисти бетонски населби, немање работни места, иселување❗

Без развој на индустрија нема ни работни места за младите во Струмица – Без индустрија им останува да се занимаваат само со кладилници, коцкарници, наркотици и марихуана. Затоа се иселуваат❗

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ ❗

Важно е да испланираме убава иднина за младите во Струмица📍

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на Јавната расправа на 06.11.2023, Понеделник во просториите на Дом на АРМ во 11:00 часот📍