strumica denes logo

БУГАРСКИ РЕПОРТЕР ЗА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ ВО 1903 ГОДИНА ОБЈАВИЛ: МАКЕДОНСКИОТ ШЕФ Е МРТОВ!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2023

Автор:

Датум:

февруари 4, 2023

Натпис во весникот “Њујорк Тајмс” од 26 мај 1903 година открива кој го предал Гоце Делчев, срцето на револуционерна Македонија. За приказната да привлече уште поголемо внимание, истиот натпис е испратен од бугарски репортер во кој вели дека „македонскиот шеф е мртов“. Никаде во статијата не ја спомнал Бугарија, нуту пак дека Делчев загинал во борба за Бугарија како што денеска зборуваат дел од бугарските политичари. Во продолжение оригиналната статија:

СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЈВОДА

Грчки шпион го предал Делчев на Турците

Лондон 26 мај, 1903 година – Детален извештај за смртта на Делчев познатиот македонски војвода, од дописникот на “Тајмс” од Софија. Извештаите покажуваат дека Делчев бил придружуван од четата и војводата Кирчовски, заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство во селото Турците разбрале од грчки шпион.

Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долг отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.

Делчев имаше 32 години. Тој беше учител, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.

Бугарскиот дописник на “Тајмс” вели дека продолжува потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.