strumica denes logo

БРАВО: Струмичанецот Марко Кренков со сребрен медал на Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика во Кипар!

Автор:

Датум:

ноември 2, 2025

Автор:

Датум:

ноември 2, 2025

Македонските ученици уште еднаш докажаа дека знаењето и упорноста се најсилното оружје, овојпат на Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2025), која се одржа во Ларнака, Кипар. Меѓу најуспешните учесници беше Марко Кренков од Струмица, ученик во СОУ „Јане Сандански“, кој освои сребрен медал, носејќи ново признание за своето училиште, својот град и својата земја.

Со овој успех, младиот струмичанец уште еднаш го потврди талентот и трудот на македонските ученици во областа на информатиката и програмирањето. Покрај него, бронзен медал освои Владимир Грчев, а олимписки пофалби добија Зоран Илијоски и Јаков Грујовски, со што Македонија ја заокружи годинава со една сребрена, една бронзена медала и две олимписки пофалби, резултат кој буди гордост и инспирација.

Настапот на македонскиот тим на ЈБОИ 2025 е уште еден доказ дека вложувањето во младите и нивната едукација носи извонредни резултати и меѓународни признанија.

Браво за Марко Кренков и сите млади информатичари кои ја претставија Македонија на највисоко ниво!