strumica denes logo

18 ГОДИШНА СТРУМИЧАНКА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА ОД 16 ГОДИШНА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

октомври 26, 2025

Автор:

Датум:

октомври 26, 2025

На 21.10.2025 година, во 23:35 часот, во Полициската станица Струмица била пријавена физичка пресметка помеѓу две лица. Според пријавата, поднесена од Е.В. (18) од Струмица, околу 22:00 часот таа била физички нападната од 16-годишна малолетничка, исто така од Струмица.

По добиената пријава, полициските службеници презеле соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, идентификација на сите околности и утврдување на одговорноста. За настанот ќе бидат известени надлежните институции согласно законската процедура.

Расчистувањето на случајот е во тек.