На 08.12.2025 во 15:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22 – годишен жител на Струмица. Според пријавеното, тој на 07.12.2025 физички ја нападнал неговата сопруга, при што ѝ нанел повреди. Тој е задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СТРУМИЦА – ЈА НАПАДНАЛ СВОЈАТА СОПРУГА, ПРИ ШТО И’ НАНЕЛ ПОВРЕДИ!
























