strumica denes logo

51 ГОДИНА ОД ОСНОВАЊЕТО НА ПРВИОТ ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

На денешен ден пред точно 51 година на основачкото собрание одржано на 16-ти декември 1974 година во просториите на С.О.Ф.К.А. е основан пинг-понгарскиот клуб 5-ти Ноември (подоцна ППК Струмица).

Иницијатори за формирањето на првиот пинг-понгарски клуб биле тогашните вљубеници во овој спорт Кире Велков, Живко Голубовски и Никола Ивановски.

За прв претседател е избран Бранко Каракашев, секретар Костадин Манолев, додека пак за прв тренер Никола Ивановски.

ППК Струмица не постои од 2021 година, но традицијата на пинг понгот во Струмица продолжува преку настапот на пинг-понгарскиот клуб Астраион Мегаспин Струмица кој минатата и оваа сезона настапува во Суперлигата на Македонија и бележи одлични резултати.