Денот го започнуваме со доза хуманост. Душица Јанева е 15 годишното девојче од Струмица кое ја скрати својата коса и ја донираше за перика за деца болни од рак.
За Струмица Денес Душица вели дека тоа го сторила бидејќи посакува и некое друго дете да се радува.
„Косата ја растам од мала и решив да ја донирам за хуманитарни цели со цел да насмеам и друго дете. Косата цело време ја негувам со природни препарати без никакви хемиски шампони и додатоци. Би сакала колку што можат повеќе девојчиња да го сторат истото, бидејќи насмевката е нешто непроценливо.“
Инаку, малата Душица косата ја испрати на здружението ЗЕДМ Сложувалка, а истото ја донира на агенција во Холандија.