ЖАН ДРВОШАНОВ: Ќе набавиме подвижни амбуланти и ќе се пружи помош на граѓаните од поодалечените места!

октомври 1, 2021

Видовме како директорот молеше за амбулантно возило, затоа ние планираме подвижни амбуланти  за населените места кои се наоѓаат на поголемо растојание од градот да може да се посетат и да им се пружи помош, изјави кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов во дебатата на Телевизија 24 со другите кандидати.

Тој потенцираше дека во неговиот мандат нема да се случи директор да моли за помош, туку дека општината силно ќе се заложи во помош кон здравствениот сектор, затоа тие возила ќе бидат набавени и донирани на општината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ