Во склоп на Струмичките карневалски денови, по повод чествувањето на Чист Понеделник, Здружението за афирмација на млади угостители “Ескофиер” во соработка со своите партнери организираат иницијатива “Најголем број поделени порции бело гравче”.
Иницијативата е со цел во иднина да се постигне светски рекорд во најголем број поделени порции бело гравче и истиот настан да премине во традиција на угостителите, односно, сите угостителски објекти да се обединат и да го организираат овој настан секоја година.
Затоа, ве повикуваме сите кои сте заинтересирани и сакате да се вклучите да не’ контактирате на телефонскиот број: 078 399 619 или на официјалната страна на здружението.