Умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд уште од преку ноќта. Врнежите наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи особено во западните делови и со услови за појава на невреме. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.
Температурите во Струмица ќе се движат од 17 до 25 степени целзиусови.