Perdormire
Струмица

ИНТЕРВЈУ СО КОСТА ГРНЧАРОВ, НАЈМЛАДИОТ СОПСТВЕНИК ВО СТРУМИЦА НА COFFEE TO GO!

Home

Коста Грнчаров е најмладиот сопственик на COFFE TO GO трендот кој пред неколку години се појави во Струмица. Грнчаров е сопственик на „ELEPHANT“. Во продолжение погледнете го краткото интервју:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Коста, од каде идеата за Coffee to go?

КОСТА ГРНЧАРОВ: Уште од мал сакав да имам сопствен локал  и ги следев секојдневно светските трендови, но се појави едно COFFE TO GO во градот, па подоцна второ, па така  и јас решив да го отворам ELEPHANT!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: На колку години одлучи дека треба да започнеш со овој бизнис и како дојде баш до името „Elephant“?

КОСТА ГРНЧАРОВ: На само 19 години одлучив да направам нешто што ќе биде добро за градот , каде сите ние младите ќе може да уживаме , да се забавуваме и да пиеме одлично кафе. Името…хмм епа сите зборуваат дека слонот носи среќа и радост па во склот на сето тоа ми дојде зборот „ELEPHANT”.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Може слободно да речеме дека се почесто во Струмица се отвараат Coffee to go, те плаши ли конкуренцијата?

КОСТА ГРНЧАРОВ: Па да сега во тренд е #CoffeToGo во нашиот град, но сите ние си соработуваме па затоa не гледаме конкуренција едни во други, оти секој си има различен концепт на работа , барем тоа го мислам јас.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со што ги привлечувате најчесто вашите клиенти, односно што најмногу струмичани бараат во Coffee to go „Еlephant“?

КОСТА ГРНЧАРОВ: Нашето мени е доста богато! Имаме се’ што треба да ги задоволиме сите клиенти , го делиме на сезона, а сега за летната сезона најбарани се лимонадите со вкус, свежо цеден сок од диња и лубеница, ладни кафиња, сладолед и сл.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Познати сте по тоа дека често вработувате нови млади луѓе, колку вработени во моментот има „Elephant“ и дали планирате во иднина да го проширите составот?

КОСТА ГРНЧАРОВ: Најважно од се’ во угостителството е тимот со кого работите, па затоа јас одличив да биде тимот помлад, затоа што најбитно е да имаме иднина ние младите, да се трудиме да работиме добро, баш затоа секогаш се бараат помлади работници.

Тимот на Струмица Денес им посакува уште повеќе успех и работа во иднина!