НАПАДНАТИ 5 ЛИЦА ВО СТРУМИЦА ВО УЧИЛИШЕН ДВОР СО МЕТАЛНИ И ДРВЕНИ ПРЕДМЕТИ – ОД СЛОБОДА СЕ ЛИШЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА

јануари 1, 2024

На 31.12.2023 година во 21.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои околу 20.00 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: