Сомневањата на Русија дека Западот подготвува провокација во Украина добиваат потврда со најновите испораки на оружје и воени инструктори од Велика Британија и Канада, изјави во четвртокот портпаролката на руското министерството за надворешни работи Марија Захарова на редовниот брифинг за новинарите во Москва.
„За жал, нашите стравувања се потврдуваат со последните соопштенија кои се појавија во медиумите кои се повикуваат на официјални структури, извори и слично. Веќе неколку дена Велика Британија испорачува вооружување во Украина со воени транспортери на нејзините воздухопловни сили. Познато е дека досега веќе биле организирани најмалку шест такви летови“, изјави Захарова.
Портпаролката на руската дипломатија изјави дека, како што е објавено, „познато е дека ќе бидат испорачани преносливи противтенковски системи за користење во урбани средини“. Захарова додаде и дека „повеќе од 200 специјалци се испратени од Канада под изговор за осигурување на безбедноста на канадската амбасада.
Потсети и на најголемата воена американска донација за Украина, и рече дека според достапните податоци, од 2014 до 2021 година, Вашингтон на Киев му испорачал воена помпш во вредност од 2,5 милијарди долари.
Претходно седмицава британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека не ја исклучува можноста за дополнилени испораки на вооружување за Украина. Неговиот заменик Џејсм Хипи, пак, потврди дека Лондон му доставил на Киев неколку илјади противтенковски ракети. Киев оваа седмица добил околу 2.000 протвтековски лансери од Лондон, пренесуваат британските медиуми.