strumica denes logo

10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА СТРУМИЧКОТО БАЛЕТСКО СТУДИО „REVERENCE“ – ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ НА 9 ЈУНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „АНТОН ПАНОВ“

Автор:

Датум:

јуни 5, 2025

Автор:

Датум:

јуни 5, 2025

По повод 10 години активно творештво и работа, балетското студио „Reverence“ од Струмица ќе одржи свечен годишен концерт на 9 јуни (понеделник) со почеток од 19:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“. Настанот претставува круна на децениска посветеност, уметност и љубов кон балетот и танцот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Програмата ќе биде збогатена со изведби на класичен балет, современ и модерен танц, музички точки и театарски сегменти, кои ќе ја прикажат креативноста и талентот на членовите на студиото „Reverence“. Настапите се внимателно подготвени и ветуваат уметничко доживување за публиката од сите возрасти.

По концертот, посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на коктел-забава во галеријата на Центарот за култура, каде секој е добредојден да наздрави за јубилејот и да го сподели успехот со членовите на студиото.

Настанот го организира Олгица Илиева, која веќе 10 години успешно раководи со „Reverence“.

Струмица ќе има чест да биде дел од една убава приказна, која веќе 10 години инспирира, образува и го збогатува културниот живот на градот.