strumica denes logo

Правни експерти: скандалозна одлука за градоначалникот на Ново Село!

Автор:

Датум:

октомври 3, 2018

Категории:

Ново Село

Автор:

Датум:

октомври 3, 2018

Категории:

Ново Село

Вчерашната одлука на апелациониот суд Штип за намалување на казната затвор за градоначлникот на Ново село,Боро Стојчев, дел од правниците ја толкуваат како скандалозна. Велат дека дури и првичната казна од 18 месеци е премала, а камо ли оваа од 6 месеци. Адвокатот Јанаки Митровски вели дека целата постапка во врска со овој случај е неправилно поставена, гледано од аспект дека требало случајот да го води Основното јавно обвинителство за гонење на криминал, а не обвинителството од Струмица.

Митровски вели дека кандидатурата за градоначалник на Стојчев, иако тој претходно два пати бил осудуван, од правен аспект не е спорна, но за моралниот аспект истакна дека треба да се добие став од матичната партија на Стојчев.

Во екот на случувањата со приведувањето на Стојчев, премиерот Заев истакна дека тие биле пријатели, но сепак казната затвор си важела.

Иако казната затвор си важи сепак таа е намалена. Од Апелација потврдија дека ја прифатила жалбата на одбраната на Стојчев на висината на казната со која беше осуден од првостепениот суд на 1,5 година затвор.

Освен на градоначалникот на Ново Село намалени се и казните на неговиот син и внук од една година на три месеци затвор, а на петтообвинетиот, исто така, му е намалена казната од 9 на 3 месеци затвор.

Казната, пак, на сопругата на Стојчев, која беше осудена на една година условно доколку не го повтори делото во наредните две години, остана иста.

На пресудата на Основниот суд во Струмица и висината на казните се жалеше и Јавното обвинителство, но неговата жалба Апелацискиот суд во Штип ја одбил.

На 10 јули годинава градоначалникот на Ново Село, заедно со уште четири лица, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. При тоа беа запленети околу 3.300 штеки цигари во вредност од над три милиони денари.