Коста Костадинов, пратеникот од СДСМ одговарајќи на новинарско прашање вчера, изјави дека постапката за исклучување на Боро Стојчев како член на партијата е во тек. Тој исто така го повика Стојчев да си даде оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. Костадинов додаде дека законите важат поддеднакво за сите, без разлика кој од која партија доаѓа!