ЃЕОРЃЕ БОЖИНОВ ГО ПОВИКА ПРОТИВКАНДИДАТОТ НА НЕЗАВИСНА ДЕБАТА!

септември 27, 2021

Синоќа во  Ново село ВМРО-ДПМНЕ ја започна кампањата со вклучување во живо на социјалните мрежи  и објасни дека со промоција на спотови ќе ја пренесат пораката до сограѓаните  кои живеат во Ново село или некаде во светот.  Кампањата на Божинов во наредните денови ќе ја промовира програмата и ќе ги посети сите места, работни организации и здруженија и ќе покаже нов модел на пристап кон решавање на проблемите кој вклучува непосредност и агилност, вели тој во видеото.

Ѓеорге Божинов во синоќешното обраќање го повика противкандидатот од СДСМ на независна дебата заради јавно споредување на програмата и решенијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ