Во Босилово од 3 до 10 јули ќе се одржува турнир во уличен баскет со хуманитарна цел. Средствата кои ќе бидат собрани на турнирот, ќе бидат наменети за избедба на сензорна соба за деца со посебни потреби во О.У „Гоце Делчев“ – Босилово.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од турнирот, може да се пријават на следниот телефонски број: 070 284 808 или на фејсбук профилот Коста Тимов. Екипите се во ограничен број!