МОН ОДЛУЧИ: Средношколците ќе учат до 9 јуни а основците до 14 јуни, државна матура ќе се полага на 27 мај и 10 јуни

јануари 31, 2023

Според календарите за организација и работа на основните и средните училишта, средношколците ќе учат до 9 јуни а основците до 14 јуни.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.

Матурантите ќе полагаат државна матура на 27 мај и 10 јуни, објави Државниот испитен центар (ДИЦ). На 27 мај ќе се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10 јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ