ИСТОРИЧАРОТ ОЛИВЕР ЦАЦКОВ: ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБНА ИСТОРИЈАТА?

јануари 4, 2021

Колумна за Струмица Денес на професорот од УГД Оливер Цацков:

Пред околу 300 години Монтескје се запрашал..среќен ли е оној народ што има здодевна историја.Ако мислел на Македонија можеби е и среќа но и проклетство што имаме исклучително динамична, бурна и секогаш актуелна историја.

Нашата историја е се,само не здодевна.Но, има и такви што што го мислат спротивното.

И, веднаш грешат.Нашиот народ до денес ,низ историјата го држеа два столба-историјата и религијата односно црквата.Религијата преставуваше јадро околу кое нашиот народ се сплотуваше.

Религијата секогаш додаваше масло во кандилото да не згасне духовноста на овој народ дури и кога над него беа надвиснати најцрните денови.И, никогаш не згасна бидејќи беше во душата на македонскиот народ.А, историјата..

Историјата сето тоа го бележеше, запишуваше,чуваше.Ги бележеше сите победи и порази на овој народ,неговите подеми и неговите падови.Историјата пишуваше за бројните ајдути,војводи револуционери,просветители,партизани.

Го пренесуваше од човек на човек од семејство на семејство од генерација на генерација духот на оние познати и уште повеќе непознати ликови што се вградија во секое парче колектива меморија.Односно во генетскиот код на македонскиот народ. А, истиот во овие ликови бараше и пронајде свои предводници,свои заштитници.

Ги опеал ги глорифицирал .

Бидејќи овие ликови беа секогаш со народот.Како член на комисијата за упис на кандидати за студенти на Катедрата за историја при УГД,на прашањето ..“Зошто историја“ одговорот беше речиси унифициран.“

Ги гледавме документарните филмови што се прикажуваа на телевизија за револуционерите за историјата на Македонија и тоа допре до нас“одговараа студентите.Зарем сега треба да им го ампутираме тој дух.Зарем треба да направиме историски аналфабати.

Да биде појасно.Лично сметам дека новите генерации треба да бидат информатички подготвени и со познавање на барем два светски јазика.Но, треба да има и физика,хемија,музика,ликовно,логика дури и историја.

Како одделни предмети. Само така ќе ја продолжиме низата на познати македонски доктори,музичари,поети,нуклеарни физичари,писатели за кои и денес со пиетет се зборува на светските престижни универзитети,институции.А, и конечно ќе се одлепат од дното од европските и светски тестирања. Материјата за овие предмети воопшто не е проблем,проблемот можеби е во нешто друго.И, да не заборавиме уште нешто.Македонија е на Балканот,Балканот е дел од Европа.

Но, европските вредности,модели,размисувања тешко и споро напредуват низ меандрите на балканското мочуриште. За да ги прифатиме овие вредности треба да ги демонтираме сопствените. Не случајно овој дел од Европа уште пред сто години е стигматизиран.Наречен како Буре со Барут и со кованицата Балканзација .Термин актуелен и во 2021 година.

Овој термин различно се толкува но суштината е дека се однесува на –процес на фрагментација или поделба на еден регион на помали региони кои често се непријателски и некооперативно настроени еден кон друг.Однсно имплицира дека во еден мултикултурен регион секој етнички ентитет се стреми да формира засебен државен ентитет.Погледнете ги учебниците по историја на нашите непосредни соседи. На ниту еден ум не му паѓа да чепне во историјата како предмет.

Бидејќи совршено добро знаат дека историјата е таа што го збогати националниот дух и патриотизам.И, она уште поважното ја одржува државноста.Во едно такво друштво да ја хибридизираш историјата е нешто рамно на суицид.Макар историјата да биде и носечки предмет во таа турли тава од предмети.Во некаков „историски двобој„ помеѓу наш ученик и ученик од соседството,нашиот ученик веднаш ќе разбере дека ќе нема со што да пука.Хибридното оружје во овој случај нема да биде на негова страна.

Нашиот столб ние го миниравме.Се надевам нема да се урне бидејќи во спротивно од урнатините ниту Феникс нема да може да се воздигне.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ