„Тесла е веројатно најголемата роботска компанија во светот, бидејќи нашите автомобили се получувствителни роботи на тркала. Некако има смисла истото да се стави во хуманоидна форма“, вели претприемачот Илон Маск.
Откако доминираше на пазарот на електрични возила и влезе во вселенската трка, сопственикот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, објави нова област што сака да ја освои – хуманоидна роботика.
Врз основа на истата технологија како и кај полуавтономните возила, роботот ќе може да извршува основни задачи насочени кон елиминирање на потребата луѓето да се занимаваат со опасни или досадни работи, истакна Маск на онлајн настанот за напредокот на „Тесла“ во вештачката интелигенција.
„Тесла е веројатно најголемата роботска компанија во светот, бидејќи нашите автомобили се получувствителни роботи на тркала. Некако има смисла да се стави во хуманоидна форма“, рече тој.
Маск вети дека неговиот иден робот ќе биде бениген. Тој рече дека „Тесла бот“, ќе има раце со пет прсти и ќе биде црно-бел, ќе биде „пријателски“ расположен и ќе биде изграден на таков начин што „ќе може да побегнеш од него и најверојатно да го совладаш“.
Како извршен директор на „Тесла“, Маск ја трансформираше компанијата од старт ап компанија во компанија која го „диктира“ темпото на индустријата за електрични автомобили. Компанијата во јули објави дека кварталниот профит за првпат надминал милијарда долари.
Компанијата на Маск, „SpaceX“, исто така, се натпреварува на растечкиот пазар на комерцијални простори, додека целта на „Neuralink“ е да развие импланти на мозокот за поврзување на луѓето и компјутерите.