Home

Perdormire
Образование

ВО ГРУПАТА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“ КОЈА БРОИ СКОРО 80.000 ЧЛЕНОВИ, АДМИНИСТРАТОРОТ ОБЈАВИ: БОЈКОТОТ ПРОДОЛЖУВА И УТРЕ, ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ДОПИС ДО СИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Home

Објавено во групата „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“:

ПОЧИТУВАНИ ! ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
БОЈКОТОТ ПРОДОЛЖУВА И УТРЕ 04.Мај

Од утре продолжува бојкотот на наставата во сите училишта на Р. Македонија, со тоа што ќе биде пуштен допис до сите училишта со цел да се испочитува нашата одлука и да не се врши притисок до децата и родителите .

Се обраќаме и до СОНК и до Бирото за развој на образованието. Затоа ве охрабруваме сите да се придружите кон бојкотот ,со тоа што навремено ќе бидат известени сите инсистуции за продолжување на бојкотот.
Во прилог ви испраќам дел од нашето обраќање до нив:

“Ова барање е следен логичен чекор на групата на граѓани, согласно стратегијата за покренување на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА НАЦИОНАЛНО НИВО против донесувањето на Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, а согласно Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.
Имено, на ден 28 Април 2021, овластениот претставник на групата на граѓани поднесе барање до МОН, Влада на Р.С.М. и Собрание на Р.С.М., во кое беа наведени целите, барањата и следните чекори во реализација на ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА НА НАЦИОНАЛНО НИВО.

Во барањето беше наведен првиот чекор, односно БОЈКОТ НА НАСТАВАТА доколку не бидеме соодветно прифатени и ислушани од одговорните во надлежните институции.
Бојкотот спонтано го почнаа и го поддржаа родителите во групата на граѓани како реакција и незадоволство од однесувањето на Министерката за образование и наука.
Досега групата на граѓани не го координираше бојкотот во основните и средните училишта. Сепак, согласно изјавите дадени пред медиумите, ќе останеме доследни на нашите ветувања пред граѓаните и ќе превземеме активности за координација на бојкотот на национално ниво.

Очекуваме разбирање и почитување на изборот на родителите и средношколците за БОЈКОТ НА НАСТАВАТА, вклучително и ВОЗДРЖУВАЊЕ ОД ПРИТИСОК И ЗАКАНИ од надлежните во училиштата. Бојкотот ќе продолжи се додека не добиеме соодветен прием кај надлежните и не бидат соодветно разгледани нашите барања.

Секако ќе ги одржиме и ветувањата за организирање на ПРОТЕСТИ, ОСТАВКА НА МИНИСТЕРКАТА и ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ПРОТИВ ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, доколку не го земете предвид мислењето и гласот на граѓаните.
Ова го правиме единствено и само во најдобар интерес за нашите деца, а понатаму и за сите следни генерации кои треба да растат и да се развиваат во здраво општество и здрава средина. Нашите деца се наш прв приоритет и ќе направиме се што е потребно да ги застапуваме и унапредиме нивните и нашите права. Ние бараме реформи “ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ” и се надеваме ќе биде земено во предвид до надлежните.”

Со почит
Драгана Спасевска