ПОВТОРНО ЗАПЛЕНЕТА ОБЛЕКА НАМЕНЕТА ЗА УВОЗНИК ОД СТРУМИЦА!

март 5, 2018

 

 

– 4.200 парчиња облека (маици, чорапи, долна облека и крпи) откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1. Непријавените производи, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: