НОВО ВО СТРУМИЦА: KuponGo-Онлајн платформа преку која струмичани ќе ги откријат најголемите и најатрактивните попусти!

ноември 26, 2018

WEB: https://kupongo.mk/
ФЕЈСБУК: https://www.facebook.com/kupongo.mk/
ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/kupongo.mk/?fbclid=IwAR34O0GyB-nfZQy0ulp-gLB3jPoCLfrkdQDhts_8ccNoKyjN1lnue2LML8c

Неодамна во Струмица се отвори онлајн платформа KuponGo, која им овозможува на купувачите да ги откријат најголемите и најатрактивни попусти. Граѓаните освен тоа што може да ги откријат најголемите попусти тие исто така заштедуваат купувајќи ги секојдневно потребните работи!

Ажурирање на уникатни промоции, обезбедување на најголеми попусти и купување од вашите смарт уреди се едни од можностите што ви ги овoзможува KuponGo. Искусeте ги најголемите зделки со екслкузивно најниски цени! Зделки за максимално заштедување! Запознајте се со KuponGo, единственото место каде што ќе ги најдете најатрактивните попусти од сите области во градот. Тимот на KuponGo исто така се отворени за соработка со секаков вид на бизнис, со единствена цел-креирање на одлична и секси зделка која ќе биде во корист на сите нас.

KuponGo може да ги пронајдете на улицата „Братство Единство“ бр.18, телефонски број 078/214-026 или на маил: Маил: vasil@kupongo.mk. Основач на оваа компанија е младиот и успешен струмичанец Васил Певќев:https://www.facebook.com/vasil.pevkjev 

Во продолжение погледнете што напишаа самите тие на нивниот официјален web сајт:

Тукушто почнавме! Здраво. Ви благодариме што ја посетивте нашата веб страна! Тимот на KuponGo се млади ентузијасти со визија да направат промена во градот и околината со цел да придонесат лесен пристап на купувачите до трговците и алатка без која ниедно купување нема да биде незабележано. Ние секој ден се обидуваме да ги пронајдеме најдобрите зделки за речиси се.

Ние всушност не продаваме ништо. KuponGo е услуга, а не продавница. Почнавме за да ја најдеме најдобрата цена без разлика каде е. Сакавме да ви помогнеме да купувате попаметно. Ние веруваме дека без разлика што купувате, никогаш не треба да ја плаќате целосната цена. Во основа, ние многу се грижиме за голема заштеда.

Нашиот тим креира. Длабоко сме убедени дека среќните луѓе ги создаваат најдобрите онлајн платформи, така што правиме се од себе за да го направиме КупонГо среќно место исполнето најатрактивни попусти за паметење.

Инспирација

Направи го животот помалку здодевен. Сметаме дека животот треба да биде забавен. За нашите клиенти тоа значи да им покажеме за неверојатни попусти што можат да ги добијат преку KuponGo. За трговците, тоа значи да им помогнете на нивните бизниси да бидат успешно промовирани и овозможиме поголема продажба со овозможување на попусти. За вработените, тоа значи градење на одлични односи и запознавање нови потрошувачи. Сето ова е вкоренето во нашето чувство за одговорност и нашата визија за паметно општество.

Заедница

Ние веруваме во големи заедници. Поточно ние веруваме дека успешните локални бизниси се рбетот на енергичните простори.Што го прави вашето соседство одлично? Тоа е комбинација на интересни и просперитетни бизниси во комбинација со луѓе кои често навратуваат(посетуваат). Ние сме она што ве поврзува и можеме да ги подобриме нештата за обете страни – градење на неверојатни заедници во процесот преку нашето економско влијание. Заедно со нашите напори и фокусот на општествената одговорност, постојат бројни начини на кои сите можеме да направиме голема разлика

Почит, интегритет и инклузија

Решавање на проблемите на вистински начин, заедно. Не сакаме само да победиме, сакаме да победиме на вистинскиот пат.Поставувањето на нашите стандарди е условено од желбита на потрошувачите и трговците, а ние сме дожни да ги оствариме нив на најдобар начин. Ги почитуваме сечии перспективи и ги решаваме предизвиците на чесен, креативен и оригинален начин.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ