Во Струмица, во самиот центар на градот во продажниот објект А.М.Г.С. Тобако Трејд Дооел е отворена првата IQOS зона, единственото место во овој град каде е достапен иновативниот уред што го загрева а не го гори тутунот.
Овој електронски уред се базира на нова технологија којашто, со загревање на тутунот овозможува при користењето на уредот да се испуштаат дури 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето.
При загревањето на тутунот на температура од најмногу 350 степени целзиусови се избегнува процесот на согорување и создавање на пепел и чад. Тоа што не се гори тутунот го прави суштински различен од цигарите. Замената на цигарите со овој иновативен уред кој го има истото доживување и задоволување на потребата од никотин, и што не остава чад или пепел, е начин за возрасните пушачи да направата квалитетна промена кон подобра алтернатива.
Со целосното елиминирање на горењето на тутунот, бездимната алтернатива IQOS стана единствениот избор за повеќе од 14 милиони возрасни пушачи низ целиот свет. Во развојот на иновативната технологија на овој уред Филип Морис вложи повеќе од 8 милијарди долари во текот на десет години истражувачка работа и посветеност на повеќе од 400 врвни научници и експерти. Овој уред е достапен во 66 земји во светот.
Во А.М.Г.С. Тобако Трејд Дооел, кој се наоѓа на бул. Маршал Тито, бр. 5, во центарот на Струмица, отсега сите возрасни пушачи ќе можат да се запознаат со уредите и да дознаат повеќе за нив, нивната употреба и напредна технологија.