bandr
Ново во Градот

(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО ВО СТРУМИЦА: „CATS“ Е ИМЕТО НА НОВИОТ БУТИК ЗА ДЕТСКА ОБЛЕКА!

Неодамна на улицата „Ленинова“ бр. 62 помеѓу новата слаткарница на „Канела“ и поранешен „Балдо кафе“ се случи официјално отварање на старо-новиот бутик „CATS“ кој е исклучиво само за детска облека. Напишавме старо-новиот затоа што најпрвин овој бутик се наоѓаше во „Глобал“ под името „WENICE“, а како што не информираа сопствениците сега го сменија името во „CATS“ поради креирање на сопствен бренд со истото име, бренд кој нуди секојдневни но и свечени уникатни парчиња облека за деца.
Исто така во исто време ги задржуваат и старите добро познати брендови по кои ги препознаваат нивните потрошувачи: IDIL BABY, MAMINO и PANCO. „CATS“ исто така располагаат и со аксесоари кои современо е вклопуваат со целокулниот CATS стил. Освен тоа тие по потреба и желба на потрошувачите изработуваат и уникатно парче облека по нарачка. Затоа повелете и уверете се во нивниот квалитет.



Коментирај

Click here to post a comment