strumica denes logo

Струмица не ги заборавa Стојанов Пено,Стојков Блажо,Ѓергиев Мите и Гркљанов Војо ,кој загинаа во страшниот пожар кој се случи пред 6 години

Автор:

Датум:

јули 23, 2018

Категории:

Настан

Автор:

Датум:

јули 23, 2018

Категории:

Настан
dav

Денес со почеток во 10:00 час. како што и беше најавено ,пред спомен обележјето во Струмица на загинатите од пожарот  кој се случи точно пред 6 години ,на чело со Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јанев ,како и делегација од Општина Струмица положија свежо цвеќе на нашите херои :Стојанов Пено,Стојков Блажо,Ѓергиев Мите и Гркљанов Војо ,кој во обид да го изгаснат пожарот за да не дојде до првите куќи во стариот дел од градот ,ги изгубија своите драгоцени животи ,Струмица нема никогаш да ги заборави за овој храбар гест и со кој платија за жал со своите животи.

По тој повод свое обраќање имаше и Јосиф Христов член на Совет на Општина Струмица

Во текот на денешниот ден ќе се полага цвеќе и на самото место на пожарот каде беше ,на струмичани познато како „Двата Пата„ со почеток во 18.30 часот.

Слава им на нашите сограѓани!