Се одржа првата сесија од Проектниот форум во Струмица!

ноември 20, 2018

Во големата сала на домот на АРМ, вчера, се одржа првата форумска сесија од Проектниот форум, а кој што се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. На Форумот учествуваа граѓани од урбаните и месните заедници, општинската администрација и претставници на невладиниот сектор кои што се запознаа со активностите и целите на форумскиот процес и даваа приоритет на тема за која подоцна ќе биде избран проект за кој донаторите предвидоа 50 илјади швајцарски франци. Учесниците на првата сесија ги поздрави градоначалникот, Коста Јаневски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: