НАСТАН ВО СТРУМИЦА: Доколку си млад, невработен и се’ уште не си пријавен во Агенцијата за вработување, пријави се за Гаранција за млади!

мај 12, 2018

Доколку си млад, невработен и се’ уште не си пријавен во Агенцијата за вработување, пријави се за Гаранција за млади!

Гаранцијата за млади (ГМ) има за цел да обезбеди на млади лица на возраст од 15 до 29 години во период од четири месеца шанса за вработување, континуирано образование и обука или практикантство.

За таа цел, Ве покануваме на Отворен ден со млади невработени лица, кој ќе се одржи на 15.05.2018 г. (вторник) со почеток во 17:00 ч. Во Дом на АРМ – Струмица (голема сала).
На настанот ќе имате шанса да се запознаете со целите на ГМ и можностите за вклучување во истата.

На младите невработени лица ќе им се обезбедат услуги што ќе овозможат нивна активација и мотивирање во рамките на ГМ, со цел даим се даде соодветна понуда, Потоа, невработените млади лица ќе бидат вклучени во соодветните програми, мерки и услуги за вработување во согласност со годишниот Оперативен план за 2018 г. или нивно повторно вклучување во образовниот процес. Поддршката ќе биде озвоможена од локални теренски работници и кариерни советници во Центарот за вработување во Струмица.

Проектот се спроведува од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје.

За дополнителни информации обратете се на е-маил: georgieva_irina@yahoo.com, goran.sachevski@hotmail.com и tankica.taukova@ccstrumica.mk.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ