Бендот „Љубојна“ синоќа го откажа својот настап и не се појави на сцената во Струмица, на т.н. прослава на наводната „покана“ за НАТО која вечерва се одржуваше во 15 градови.
Претходно, фронтменот на групата „Љубојна“ Вера Милошевска на социјалните мрежи ја отвори можноста дека можеби нема да настапат, но доколку се најдат на бина во Струмица парите ќе ги донираат во хуманитарни цели.